Клоп: Јунајтед е единствен тим во моментов кој сака да игра против нас!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На конференцијата за медиумите пред големото дерби и гостување на „Олд Трафорд“, Јирген Клоп зборуваше за повредите на фудбалерите, како и за подготовките за мечот и мотивацијата која ја имаат двата тима.

Дуелот меѓу Јунајтед и Ливерпул е секогаш големо дерби, без оглед на тоа во каква форма се наоѓа некоја од екипите.

„Никогаш не сум имал проблеми со самодовербата. Многу сум оптимист, верувам дека имаме шанси. Во случајов историјата и статистиката не се важни. Секогаш сакаме добра атмосфера на стадионот. Не сум сигурен дека има многу тимови во моментов кои сакаат да играат против нас. Очигледно Јунајтед е единствениот таков тим во моментов“, кажа Клоп.