Еден Азар избра три кандидати за Златната топка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златната топка за 2019. година ќе биде доделена на 2. декември.

Лео Меси и Кристијано Роналдо и оваа година ќе бидат помеѓу првите кандидати за освојување на оваа престижна награда, а Еден Азар се смета дека најдобриот треба да биде некој од играчите на Ливерпул.

„Јас би ја доделил на некој од играчите на Ливерпул“, изјави Азар за Ле Парисиен и додаде: „Мане, Салах или Ван Дијк ја заслужуваат“

„Доколку Мане беше шампион на Африка со Сенегал тогаш не би требало да има дилема. Би било убаво тој да ја добие“.

„Или на Салах, кој е еден од моите најдобри пријатели. Тоа би било добро за африканскиот и англиски фудбал.“

Салах, Мане и Ван Дијк со изминатата сезона со Ливерпул ја покорија цела Европа, а во оваа сезона се на прав пат после 30 години да ја освојат титулата за шампион на Англија.