Таткото на Лука Дончиќ: Се смеевме заедно со Дивац дека сме биле лути…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Дончиќ игра одлично сезонава, па воодушеви многумина со неговите настапи, а тоа ги натера и американските медиуми да „ископаат“ приказна дека Словенецот можел да потпише за Сакраменто кингс, но не го направил тоа поради Владе Дивац.

Дивац, наводно, му бил лут на таткото на Лука, па сметал дека нема ништо да добие екипата со неговото ангажирање, што предизвика многу реакции во јавноста.

Сепак, денеска се огласи и таткото на Дончиќ, кој порача дека тие приказни се лага и заедно се смееле со Дивац кога ги слушнале.

„Секако дека е лага, нема вистина во нив. Дивац и јас сме пријатели и меѓу нас се добри односите. Се слушнавме и се смеевме ззаедно на приказната дека е лут на мене. Не знам од каде излезе такво нешто“, порача тој.