Кои се тие играчи од Монако и што секоја екипа сака да ги купи?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кнежевците“ играат феноменален фудбал и од ден во ден ги воодушевуваат сите љубители на фудбалот ширум светот.

Леонардо Жардим екипата на Монако ја врати на местото кое и го заслужуваат, во самиот врв на францускиот фудбал.

Екипата од „Луј втори“ играат феноменален фудбал во оваа сезона, доминираат во Франција, а влегоа и во 16 најдобри екипи во Лигата на шампионите.

И покрај успехот, Монакио игра можеби и најдобар фудбал во Европа.

Во саботата на немоќниот Мец му спакуваа пет голови, во оваа сезона против имаат скор 12:0 во два дуели.

Први се на табелата во Лига 1, постигнаа 75 голови (најмногу во петте лиги), примаа 23 и запишаа 18 победи на 25 мечеви, просто неверојатно.

Клучот на успехот на тимот на Жардим лежи во овие пет суперталентирани момци и нормално преродбата  на Радамел Фалкао.

Многу од овие пет млади играчи се веќе на радарот на бројни европски клубови, и нема сомнеж дека пред секој од нив е блескава кариера.

                                                Тома Лемар

       Години 21

                                             Позиција – лево крило

Стигна во Монако од Каен, во чии редови настапуваше и со Нголо Канте. За 18 месеци неверојатно напредуваше.

Покажа дека е одличен крилен фудбалер, умее да игра и низ средината, а седум од неговите 11 шутеви во рамките на противничкиот гол завршија и во мрежата.
Со право му се предвидува и блескава кариера во репрезентацијата на Франција, најголем интерес за неговите услуги досега покажа мадридски Атлетико.

                                                  Бернардо Силва

                                                         Години  – 22

                                             Позиција – десно крило

Лемар лево, Силва десно, се испостави одлична комбинација на крилата на Кнежевците. Португалецот е многу сличен на Лемар, постигна пет голови во оваа сезона, а најважен е секако тој против ПСЖ за израмнување во последните моменти.

Неверојатна зделка направи Монако со него, прво го доведоа на позајмица, а тогаш и го откупија неговиот договор за 15 милиони евра.

Како што работите стојат може да го продадат за далеку повеќе, главни кандидати за негов потпис се Манчестер Јунајтед и Барселона.

 Килијан Мбапе
                                                                  Години – 18
                                                         Позиција – крило/напаѓач

Во саботата Мбапе запиша хет-трик против Мец и уште еднаш докажа дека со право го споредуваат со легендарниот Тиери Анри.

Има доста сличности со легендарната на Арсенал, кој исто така тргна од Монако и ја почна својата кариера на крилата, но изгледа дека во Монако ја научија лекцијата бидејќи сфатија дека Мбапе подобро се снајдува во нападот, што и се испостави и во случајот со Анри.
Во оваа сезона шанса воглавно добива од клупа, но после блескавите мечеви против Монпеље и посебно против Мец, нема сомнеж дека овој суперталентиран фудбалер се почесто ќе го гледаме во стартниот состав.
Се чини дека може по чекорите на Анри, бидејќи Арсенал покажа најголем интерес за неговите услуги.

 Џибрил Сидибе
                                                                  Години – 24
                                                        Позиција – десен и лев бек

Можноста за Лемар и Силва да напаѓаат низ средината, бара од бековите на Монако многу да трчаат и да играат длабоко на противничката половина.

За среќа Сидибе таа работа ја извршува одлично и неговите врвни партии се едни од клучните работи во машинеријата на Леонардо Жардим во оваа сезона.

Стигна во летото од Лил, но дури сега го откри својот цел потенцијал. Дебитираше и во француската репрезентација, а во прави раце несомнено може да стане бек од светска класа.

Најголем интерес за неговите услуги покажа Манчестер Јунајтед, бидејќи во Сидибе гледаат наследник на Антонио Валенсија.

            Бенџамин Менди

                                                         Години – 22

                                                   Позиција – лев бек

Како Сидибе и Менди стигна во ова лето на стадиониот „Луј втори“. Тој ја покривата левата страна во одбраната и еднакво важен за играта на Кнежевците како и горе споменатиот Сидибе.

Продуктот на прочуената школа Авр, се калеше и во Олимпик од Марсеј. Во оваа сезона создаде 13 шанси на своите соиграчи, а од тоа четири завршија во мрежата, што е одличен процент за бек.

Иако е многу млад, поседува богато искуство, запиша речиси 200 официјални мечеви, повеќе од пола во дресот на Марсеј, каде што запиша и 14 асистенции.