Целосно реновирање во Мадрид: Летен егзодус од Баерн во Реал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова се условите и тие се многу пореални од тоа што го најавува Перез. Реал Мадрид ја победи Ла Коруња за да ја крене самодовербата, но титулата одамна е изгубена, па поради тоа ќе има многу замени во клубот.

Првиот кандидат за клупата се знае, ако Зидан добие отказ на крајот, Реал би требало да го донесе Јоаким Лев.

Тој наводно има своја листа на засилувања која се разликува од таа на Перез и може да се каже дека е пореална, а на неа нема мети како Дибала, Нејмар или Кејн.

Со доаѓањето на Лев, на Баерн би можел да му се случи колапс и многу играчи да заминат во Реал Мадрид.

Лев бара нов голман наместо Навас, но неговата желба Куртоа потпиша нов договор, па Реал ќе се обиде да го донесе Донарума.

Германецот ќе се обиде да го продаде Бензема, но не и Бејл, а Роналдо ќе замине само доколку пристигне добра понуда.

Сигурно ќе има големи промени, но и понатаму звучи неверојатно дека ПСЖ ќе го пушти Нејмар или Реал ќе плати неверојатна сума за Кејн, па Лев ќе се обиде да донесе некои од фудбалерите кои ги тренирал во Баерн Минхен.