Клоп пронајде напаѓач во Германија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат германските медиуми, Јирген Клоп бил подготвен да плати дури 100 милиони евра за услугите на голгетерот на Ред Бул Лајпциг, Тимо Вернер.

„Билд“ пренесува дека Клоп го означил неговиот сонародник како приоритетно засилување за летниот преоден рок. Најугледниот германски весник кој е добро упатен со трансфер пазарот во оваа земја пишува дека Вернер сериозно размислува да се пресели во англиската Премиер лига ова лето.

Тимо Вернер е германски репрезентативец и оваа сезона во дресот на Лапциг има постигнато 18 погодоци.