Клоп потврди дека се започнати разговори со Емре Чан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јирген Клоп истакна дека Ливерпул останува во преговори за продолжување на соработката со Емре Чан.

Договорот на Германецот му завршува на крајот на оваа сезона и тој се уште одбива да се обврзи на нова верност со тимот на Ливерпул.

Изминатава недела излезе вест дека Чан барал 200.000 фунти неделна плата, а тоа веднаш беше демантирано  од самиот фудбалер.

„Каква е ситуацијата во овој момент? Отворена. Ништо не е одлучено. Ние сме во разговори со него и засега се е добро освен тоа што тој се уште нема потпишано нов договор со  нас“- коментираше Јирген Клоп.

За Чан сериозен интерес постои од тимот на Јувентус кој во Германецот со турско потекло гледа идеална замена за Пјаниќ кој може да замине во ПСЖ ова лето.