Вардар во финалето од Лигата на шампионите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометарките на Вардар се пласираа во финалето од Лигата на шампионите, и втора година по ред ќе се борат за највредниот трофеј во сезоната.

Во „Ласло Пап“ арената ќе гледаме реприза на минатогодишното финале кое го доби Ѓер. Се надеваме дека оваа сезона ќе биде обратно.

Вардарки добро го отворија натпреварот и рано поведоа со 6:2, за потоа цели осум минути двете екипи да не постигнат гол. До крајот на полувремето се играше со многу малку погодоци, па на пауза се замина со 10:7 за Вардар.

Избраниците на Дибирова во вториот дел играа многу подобро и веќе во 41. минута имаа шест голови позитива. Сепак Русинките се вратија во натпреварот и пред крајот дојдоа само на минус два.

Сепак, Ростов немаше сили за сензација кога Вардар дополнително „притисна на гаста“ и во финишот го дотолчи противникот.

Пенезиќ и Лекиќ беа најпрецизни во Вардар со по седум погодоци, додека Илина на спротивната страна постигна пет гола.