Разочараниот Харт се огласи преку социјалните мрежи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најискусните англиски голмани, Џо Харт нема да патува на Светското првенство во Русија.

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт пред два дена го објави поширокиот список на фудбалери на кои смета за Мундијалот, а на него не се најде Џо Харт. Покрај него на списокот го нема ниту Џек Вилшер.

„Нема да лажам, уништен сум. Откако две години се обидував да се извлечам од тешката ситуација, ова е многу тешко да го прифатам. Горд сум на секоја минута која ја одиграв и му помогнав на тимот да се квалификува. Знам што донесов на тимот, но работите се такви какви што се. Среќно на репрезентацијата во Русија, играчите знаат дека иако не сум таму, ќе го носам дресот на Англија како навивач и ќе ги поддржувам цело време. Без страв, одете и растурете ги“ –напиша Харт на социјалните мрежи.

Џо Харт беше стандарден меѓу стативите на Англија, и се очекуваше и покрај променливата форма да патува во Русија, но Саутгејт се реши шанса да му даде на голманот на Барнли, Поуп.