Интер и Рома се договориле за Наинголан: „Волчицата“ добива млад фудбалер и 29 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот кој не беше повикан од селекторот на Белгија, Роберто Мартинез за Светското првенство, ќе премине во Интер.

Италијанските медиуми пишуваат дека преговорите помеѓу Интер и Рома се во завршна фаза и договорот ќе биде официјализиран на први јули.

Рома ќе добие 29 милиони евра и талентираниот играч Николо Заниоло. Станува збор за 19-годишен играч, кој со Интер го освои Скудетото во Примавера. Сезонава во 34 натпревари за младиот тим на Интер постигна 14 гола и 10 асистенции.

Наинголан едвај чека да премине во екипата на Интер, а би требало да добива плата од 4,5 милиони евра по сезона.