Официјално: Лопетеги претставен како нов тренер на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жулен Лопетеги и официјално беше презентиран како нов тренер на Реал Мадрид на официјалната промоција закажана на „Сантијаго Бернабе“.

На промоцијата се обрати претседателот на „Кралевите“, Флорентино Перез, како и новиот предводник на клубот,  Жулен Лопетеги.

„Денес ние мадридистите сакаме да му посакаме добредојде на некој кој го знае овој клуб многу добро и покажа колку голем професионалец може да биде“ –ја започна промоцијата Флорентино Перез.

Жулен Лопетеги пак даде емотивна изјава во која посочи дека денешниот ден е најсреќниот ден за него.

„Верувам дека сум подготвен да го преземам под мои крила неверојатниот состав на играчи. Реал Мадрид претендира да освои се и се чувствувам како дел од семејството на овој клуб. Вчера беше најтажниот ден од мојот живот по смртта на мојата мајка, но денес е најсреќниот ден“- коментираше Лопетеги.