Костарика се бранеше цел натпревар, но Кутињо и Нејмар ги урнаа на крајот (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилците доминираа во текот на целиот натпревар, а доказ е статистиката од второто полувреме, во која може да забележиме дека имале 13 удари, а Костарика немала ниту еден.

Кејлор Навас и сонародниците се бранеа речиси цел натпревар, но нивната одбрана „падна“ во 91. Минута, кога Филипе Кутињо погоди за 1-0.

Тука беше всушност распадот за Костарика, бидејќи пет минути подоцна Нејмар ги постави конечните 2-0 и со тоа Бразил освои важни три бода.

Сепак, одбраната не можеше да трае вечно, па Филипе Кутињо по асистенција на Габриел Жесус погоди за 1-0 и донесе важни три бода за неговата репрезентација.

Во моментов Бразил има четири бода во групата Е додека Костарика останува последна без освоени бодови.