Марадона поради „средниот прст“ ќе добие ригорозна казна од ФИФА (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Диего Марадона направи хаос на трибините во текот на натпреварот на репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во Русија.

Во текот на групната фаза од натпреварувањата легендарниот фудбалер имаше голем број испади, а тоа кулминираше во дуелот против Нигерија.

Марадона со „среден прст“ ги почести противниците, се однесуваше како дрогиран во текот на натпреварот, а на крајот заврши во брза помош, откако му се влоши здравстваната состојба.

Светските медиуми пишуваат дека ваквото однесување би можело скапо да го чини Мардона, кој има улога на амбасадор на ФИФА и добива дури 15.000 евра по натпревар.

ФИФА поради срамниот потег сака да му го одземе статусот на амбасадор и многу лесно би можело да се случи да не го видиме Марадона на натпреварот во осминафинале против Франција.