Работнички триумфираше на првиот натпревар против Хонвед (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Работнички со 2:1 го совлада унгарскиот претставник Хонвед во рамките од првото коло од квалификациите во Лигата на Европа.

„Романтичарите“ на теренот на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ со 2:1 беа поуспешни од тимот на Хонвед и со блага предност ќе патуваат на реванш средбата во Будимпешта за седум дена.

Резултатот го отвори Петар Петковски во 34. минута кога излезе сам пред гостинскиот голман и без проблем ја затресе мрежата. На 1:1 изедначи Наѓ со спектакуларен гол во финишот на првиот дел.

Радост за Работнички донесе Николче Шаркоски кој погоди во 60. минута за конечни 2:1.

Останатите македонски претставници, Вардар и Шкупи утре ги играат натпреварите од квалифиакциите на Лига Европа против Пјуник односно Глазгов Ренџерс.