Неверојатен расплет: Куртоа заминува, го менува миленикот на Сари кој од пред еден месец има нов клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се погласни се шпекулациите дека Тибо Куртоа во овој преоден рок ќе се пресели во редовите на Реал Мадрид.

Од Челси поради тоа се во постојана потрага по негова евентуална замена, а новиот стратег на „Сините“ планира на „Стемфорд Бриџ“ да го донесе неговиот миленик со кого имаа одлична соработка во Наполи, Пепе Реина.

Имено, „Газета дело Спорт“ пишува дека од Челси се заинтересирани за искусниот Реина кој бранеше за Ливерпул во Премиер лигата од 2005 до 2013 година, а ова лето се пресели во Милан како слободен агент.

Сепак, Шпанецот нема загарантирано стартно место во Милано затоа што веројатно Донарума ќе биде прв избор на Гатузо. Од Милан пак биле подготвени за преговори со оглед на фактот што може да заработат околу осум милиони евра на играчот кој го донесоа комплетно бесплатно пред само два месеци.