„Скај Спорт“: Матео Ковачиќ стигна на лекарски прегледи во Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ конечно ја убеди управата на Реал Мадрид да му дозволи да замине од екипата.

Овој 24-годишен фудбалер сака да замине од екипата, каде што не доби шанса, а денеска таа желба ќе му се оствари и ќе стане нов член на Челси.

Ковачиќ на „Стемфорд бриџ“ доаѓа како дел од пакетот во кој Тибо Куртоа ќе го засили Реал Мадрид. Белгиецот заминува во Мадрид за 35 милиони фунти.

„Скај спортс“ пишува дека Ковачиќ денеска ќе има лекарски прегледи во Лондон и ќе потпише договор со „сините“.

Ковачиќ за Реал во претходните три години настапи 109 пати, но поголем дел од натпреварите почна од клупата и имаше мала минутажа.