Драма во Норвешка: Реал подобар од Севиља на продолженија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европски суперкуп, дуел на најдобрите два типа од Европа во сезоната 2015/16, дуел на два шпански гиганти, дуел на две големи сили во Норвешка.

Леркендал стадионот, полн до последното седиште беше домаќин на овогодинешниот европски суперкуп во кој се натпреваруваа Реал Мадрид и Севиља.

Цврста игра и од двете страни, во 21вата минута стадионот изрипа, еден нула за „кралевите„ Асенио стрелаше со одличен погодок за водство на Реал. После точно 20 минути се затресе и мрежата на Реал, Витоло му асистираше на Васкез за израмнување. 1:1 беше резултатот на полувремето.

Во второто полувреме Конопљанка само што влезе и имаше задача да шутира пенал за Севиља, и погоди, пресврт во Норвешка, Севиља води. Милионскиот тим на Реал на колена.

Кога веќе сите мислеа дека се е завршено, дека Севиља ќе биде посреќната во овој дуел, од некаде се појави Серхио Рамос, Лукас му асистираше, навивачите се вратија, Реал израмни одиме во продолженија. Рамос е спасителот.

Во продолженијата цврсто, црвен за играч на Севиља, но тие уште не се предаваат. Играат како вистински треба да се игра. Среќата не ги следеше и една минута пред да се слушне судискиот звук за крај на второто продолжение Карвахал стрелаше за победа на Реал Мадрид со што им донесе нова титула во витрините.