Мурињо му одговори на Скопс: Нека зборува што сака


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се најде на удар на критики на легендарниот фудбалер на Црвените Ѓаволи, Пол Сколс кој меѓу останатото го нарече ,,Срам за клубот”.

На Сколс не му се допаѓаат резултатите на Мурињо, но и неговото однесување кое понекогаш делува премногу арогантно.

Но, тоа не е нешто на што не сме навикнале од португалецот.

Мурињо ги слушна критиките на Сколс, но на нив не сакаше да им обрнува преголемо внимание. Сепак, даде коментар баш во негов стил.

,,Не ме интересира што зборува. Не сакам да знам што кажа Сколс. Слободен е да мисли и зборува што сака како и сите останати”- рече Мурињо, кој потоа додаде:

,,Тоа исто важи и за навивачите кој извикуваа ,,во напад” за време на второто полувреме од натпреварот со Валенсија”.

Жозе Мурињо со Јунајтед бележи многу лоши резултати, а после седум кола во Премиер Лигата го зазема десетото место