„Делии“ имаат нов идол: Еј Павков, скокни и дај гол со глава! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Црвена Звезда денеска ја остави фудбалска Европа без зборови, откако во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампиони го победи Ливерпул со 2-0.

Милан Павков е херојот на српската екипа, откако денеска постигна два гола од кои вториот беше сензационален.

Поради тоа навивачката група „Делии“ веднаш смисли песна за својот нов идол – „Еј Павков, скокни и дај гол со глава!“