Фетел ја „отвори“ душата за Шумахер: Секогаш беше тука за мене, многу ми недостига…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Себастијан Фетел е вторито најуспешен возач во историјата на Формула 1, зад легендарниот Михаел Шумахер. Германецот зборуваше за својот идол и кажа дека му недостига.

Вестите за состојбата на Михаел Шумахер од несреќата, која ја доживеа на скијање во 2013 година, се многу ретки и речиси никој ништо не знае.

Фетел вели дека Шумахер е најдобар возач во Формула 1 и така ќе остане.

„Шумахер е мој херој. Имав многу негови постери на ѕидовите. Имав седум години кога го сретнав првпат. Подоцна разбрав дека сум ја имал привилегијата да го запознаам. Секогаш беше тука да ми даде совет и да ми помогне.  Му посакувам сè најдобро и се надевам дека ќе ја победи оваа битка. Многу ми недостигаат неговите совети, неговото мислење…“, вели Фетел.