Статистиките се немилосрдни, а ова најдобро говори колку Јунајтед е очаен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јунајтед под палка на Мурињо полека ја губи борбата за позицијата која води во Лигата на шампионите. Поразот од Ливерпул само ја продолжи кризата, но управата на Јунајтед и понатаму стои позади Мурињо.

Оваа сезона Португалецот често ротира, го бара правиот тим, понекогаш од принцип ги остава своите клучни ѕвезди на клупата. Не функционира најдобро нападот, ниту пак средниот ред, но ако нешто баш и не функционира тоа е одбраната.

Доказ за тоа се 29те погодоци што Јунајтед ги има примено на 17 натпревари.

Ова е повеќе голови отколку што примиле во целата мината сезона. Во сезоната 2017/18 на 38 мечеви примиле само 28 голови.

Обично Давид де Геа се смета за еден од најдобрите голмани во светот, но овие статистики не му одат во прилог, ниту пак на некој друг што го носи дресот на најтрофејниот англиски клуб.