Ниту Зидан, ни Бланк: Јунајтед преговара со легенда на клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо утрово доби отказ од Манчестер Јунајтед, а како привремено решение ќе биде Мајкл Карик.

Карик е поставен тренер додека клубот не најде ново решение, а тоа се очекува во наредните неколку денови. Со Јунајтед во овој момент се поврзуваат голем број на тренери, а навивачите на клупата сакаат да го видат Зинедин Зидан.

Сепак, Мирор објави информација која поприлично ги изненади навивачите на овој клуб. Според нивни информации Јунајтед преовара со легендата на овој клуб Солскер, кој судејќи според се би можел да биде нов тренер.

Овој 45 годишен Норвежанец, играчката кариера ја заврши во 2007. година токму во Јунајтед, каде што играше 11 сезони. После тоа ги водеше резервите на овој клуб, а моментално е тренер на Молде.