Може да стартува нова рунда шеги на сметка на Лингард: Како изгледаше тој во 2009. година?! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многумина и денес го сметаат Џеси Лингард за голобрадо момче, кое има 20-тина години, меѓутоа, фудбалерот на Манчестер Јунајтед на крајот на оваа година ќе наполни 27 години.

Поради младешкиот изглед често се наоѓа на мета на разни пеги, па така на интернет кружеа и фотомонтажи од „остарениот“ Лингард и единствено што би се менувало секако е косата – Џеси би останал ист, само косата би му била седа.

Сега се појави и фотографија од Лингард во времето кога настапуваше за У19 екипата на Манчестер Јунајтед, како 17-годишник. И навистина на оваа фотографија, крилниот напаѓач на Јунајтед изгледа како дете во однос на играчите од младата екипа на Рома.

„Дресот го носи Лингард, а не тој дресот“, е само еден од шеговитите коментари на оваа фотографија на фудбалерот на Јунајтед.