Ферстапен: Преселбата на Хамилтон во Ферари не ме изненади


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен даде коментар за одлуката на Луис Хамилтон да потпише за Ферари.

Хамилтон оваа сезона ќе вози за Мерцедес, по што се сели во Ферари со кој потпиша повеќегодишен договор, а тоа не го изненадило Ферстапен.

„Мислам дека потегот на Хамилтон не ме шокираше. Ако сонувате за тоа како дете, тогаш може ќе се случи некогаш. Сепак, ме чуди тоа што италијанските медиуми побрзаа да објават пред веста да биде официјално потврдена“, кажа Ферстапен.