Леклер: Третото место во Белгија нè израдува сите во Ферари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Ферари, Шарл Леклер кажа дека е задоволен со освоеното трето место на трката за Големата награда на Белгија.

Леклер пред неколку дена го освои третото место зад возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез, па вели дека сите во екипата се среќни поради неговиот успех.

„Тоа е навистина важно. Видов многу луѓе насмеани по третото место во Белгија. По лошиот почеток, добро го завршивме првиот дел од сезоната“, кажа Леклер.

Леклер во моментов се наоѓа на петтото место во генералниот пласман со 99 бодови, додека неговиот тимски колега Карлос Саинц е седми со 92 бода.