„Шумахер не е доволно добар за Формула 1“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Синот на Михаел Шумахер, Мик не е доволно добар во Формула 1, а за тоа зборуваше и поранешниот директор на „најбрзиот циркус“, Берни Еклстон и кажа дека не треба да има место за младиот возач.

Претходно од екипата на Хас соопштија дека не се задоволни со Шумахер, па уште тогаш стана јасно дека синот на легендарниот возач тешко ќе добие место.

„Сите знаат кој му е татко и сите го гледаат како негова слика. Мислам дека беше тежок период за него и нема место во моментов во Формула 1. Мора да вози на друго место, не е доволно силен за да го поднесе притисокот во Ф1“, вели Еклстон.