Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Ренато Санчез е фудбалер кој прикажува одлични настапи на ова ЕП, а Баерн Минхен изгледа дека направи одлична работа.
Сепак овој фудбалер сега е на удар од претседателот на Спортинг, Бруно Карвахал, кој тврди дека Ренато ги лажирал своите години.
Тоа остави впечаток и на младиот играч кој во разговор за португалските медиуми порача:
“Многу луѓе не ја почитуваат Бенфика и мене со тие приказни. Сите имаме друштвени мрежи, ТВ и секојдневно слушаме приказни и тоа влијае на нас. Јас изразнав во Португалија, 10 години бев во Бенфика, како тогаш можам да бидам 25 годишник?”– запраша Ренато.
Весникот “Журнал Де Нотицијас” спроведе истрага во врска со играчот, утврдено е дека Санчез не бил регистиран се до 2002 година, а тоа пет години после неговото раѓање, него, а како причина за доцната регистранција е тоа што неговите родители биле разведени, па неговиот татко емигрирал во Франција, само пет месеци после неговото раѓање.