Тој ќе биде во центарот на вниманието – Одреден судијата за првиот дуел меѓу Пеп и Мурињо во ПЛ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската асоцијација соопшти дека Марк Клатенбург ќе го суди манчестерското дерби во наредниот викенд.

Се очекува да биде еден од најинтересните дерби во последните неколку години, иако е само почеток на сезоната, а најмногу поради повторниот дуел на Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.

Кога ќе се погледне историјатот на дуелот на двајцата тренери, јасно е дека Марк Клатенбург ќе има тешка задача во дуелот Сити и Јунајтед.

Сепак, ФА не можеше да донесе подобра одлука, Клатенбург во оваа година ги судеше и финалината на ЛШ и ЕП, поради што и свирчето е во вистински раце.

Инаку, Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо последен пат се сретнаа во Суперкупот на Европа во 2013 година кога Баерн Минхен го совлада Челси после подобро изведување на пенали, во текот на регуларните 120 минути беше 2:2.

Натпреварот Манчестер Јунајтед – Манчестер Сити е на програмата во сабота во 13:30 часот.