Одлични вести за Клоп: Одличниот фудбалер спремен за Лестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Ливерпул Садио Мане не е потешко повреден додека ги бранеше боите на Сенегал во квалификациите за Африканскиот куп на нациите, па ќе биде во конкуренција за составот на Редсите кога во сабота на Енфилд ќе гостува кај Лестер.

24-годишниот Сенегалец е земанет во победата на својата репрезентација над Намибија, но тврди дека е спремен за дуелот во Премиер лигата.

„Се е во ред. Вистина е дека добив удар во коленото, но не е ништо страшно. Тоа се случи уште во првото полувреме, но продолжив со играта. За мене е најважно за сега да се вратам на тренежен процес во Ливерпул, па можам во добра форма да го дочекам мечот против Лестер“, рече за клупскиот сајт Садио Мане.

Мане во летниот преоден рок од Саутемптон премина во Ливерпул за 34 милиони фунти, со кој потпиша петгодишен договор. Беше и стрелец на одлучувачкиот гол во првиот официјален меч во новиот клуб, кога Ливерпул беше подобар од Арсенал со 4:3.