Играше за двајцата – Ова е најголемата разлика меѓу Пеп и Мурињо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чаби Алонсо беше важен играч и кај Шпанецот и кај Португалецот и дефинитивно најдобро може да ја објасни разликата меѓу Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.

Во сабота од 13:30 часот се среќаваат Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, а овој дуел посебно привлекува внимание поради новиот дуел на Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.

Тие двајца последен пат се сретнаа уште на 30 авгуаст 2013 година во Суперкупот на Европа кога Баерн Минхен го совлада Челси после подобро изведување на пенали, а после регуларните 120 минути беше 2:2.

Пишувавме веќе за нивните досегашни меѓусебни дуели, скорот е на страната на Шпанецот, но овој меч дефинитивно ќе биде подруг од сите досегашни и прв во Премиер лигата.

Во анализата за телевизијата Скај Спорт, Чаби Алонсо дефинитивно објасни како е играта под водство на Пеп, а како е под палката на Мурињо.

Шпанецот истакна дека основна разлика е што Пеп сака да игра со едне последен играч за врска кој има далеку повеќе задачи отколку во формацијата на Мурињо со тандем последни играчи за врска.

„Последниот играч за врска кај Пеп мора да покрива повеќе задачи, и често да биде во линија со стоперите и да помага околу чувањето на напаѓачот. Истотака, јас на таа позиција имав далеку повеќе посед отколку кај Мурињо. Поседот е она што сите го знаат, суштинска разлика меѓу тие двајца. Пеп сака да ја има топката во своите нозе, а Мурињо тој сегмент секогаш го препушта на ривалот“, рече меѓу останатото Чави Алонсо и откри еден интересен податок.

„Многумина на прва топка велат дека Пеп во фудбалот размислува само за офанзива на која се базира на неговата филозофија, меѓутоа, тоа не е точно. Напротив, тој е толку посветен на дефанзивните задачи и неговата главна цел се токму дефанзивните задачи за секој играч да го оневозможи противникот да игра, односно така да го направи што е најслабо можен“, истакна Чаби Алонсо, кој смета дека Џон Стонс е најважното засилување на Сити во ова лето.

„Џонс Стонс го доведе од неколку причини, бидејќи умее да позиционира, да организира напад, знае да се постави во фазата на одбрана кога топката е во сите делови на теренот, а тоа Пеп го сака кај дефанзивците“.

Тој очекува тежок меч и тврдата борба на средината на теренот ќе го одлучат дуелот.

„Тоа е натпревар во кој Пеп веројатно ќе има контрола во поседот, но тоа не знаачи дека ќе го контролира натпреварот. Мурињо има играчи кои можат за секунда да одземат топка и да свртат се во своја корист“, рече меѓу останатото Алонсо.

Погледнете ја во прилог неговата интересна анализа со табло и играчите поделени по позиции.

 

https://www.youtube.com/watch?v=vS8FrvTdubg