„Знаеш Џон, сакам да бидам најдобар“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот тенисер Гаел Монфилс одговори на легендарниор Џон Мекенро кој го обвини за непрофесионализам во полуфиналниот дуел на УС Опен против Новак Ѓоковиќ.

Американецот нагласи дека поради однесувањето не Монфилс не сакаше да се врати во мечот и евентуален пресврт на резултатот против првиот играч на светот.

Мекенро, истотака нагласи дека тоа беше најчудниот меч кој го пренесувал во кариерата.

„Многу сум тажен што ме критикува една таква легенда, но тоа што сакам да го кажам Џон е: Знаеш Џон, јас сакам да бидам најдобар. Тешко е, ти знаеш. И јас се трудам да бидам најдобар“.

Се наврати Французинот и на поразот од Ѓоковиќ.

„Кога нешто менуваш, го менуваш тоа што го имаш. Тоа што го имам е брзина. Имам и малку инстикт… Новак е само премногу добар“, рече Монфилс, кој сеуште го чека пласманот во првото Грен Слем финале во кариерата.