Изговор или нешто друго од Барселона: Нема нивни играчи на доделување на наградата на ФИФА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси, Нејмар, Луис Суарез и останатите ѕвезди на Барселона нема да присуствуваат на гала церемонијата во Цирих на доделувањето на наградата на ФИФА за најдобар играч во 2016 година.

Меси со Роналдо и Гризман е во конкуренција за оваа награда, а Нејмар, Суарез и Иниеста се меѓу 21 играч кој конкурираат за тимот на сезоната.

Барселона одлучи поради важен натпревар кој го имаат во среда против Билбао во купот, нивните играчи да не одат во Цирих.

„Натпреварот против Билбао во овој момент е приоритет за Барселона и клубот одлучи играчите да не бидат дел од доделување на наградата на ФИФА. Барселона е благодарна на ФИФА и Инфантино, но сметаме дека натпреварот со Атлетик е многу важен.“

Клубот во Цирих ќе го претставуваат претседателот Бартомеу, потпретседателот Местре и други членови од управата.