Чиле подобар од Бахреин – За 21-во место ќе игра против Јапонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Чиле го победи Бахреин во натпревар за 21-то место на СП во Франција, 35:30.

Во седмата минута Бахреин со погодоците на Мохамед и Абас стигна до првото поголемо водство на натпреварот, 4:6. Мерза и Абдула зголемија на 5:8.

Чилеанците со два погодоци во низа го израмнија резултатот, 9:9 во 14-та минута. Рејес и Фојтман со два погодоци во низа зголемија на 12:10.

Салинас, Фрелиј и Доносо му донесоа водство од три погодоци на Чиле, 15:11. Со два погодоци Салинас зголеми на 17:12. Пред крајот на првото полувреме Јасим постигна два погодоци во низа за 17:14. На полувреме Чиле замина со предност од четири погодоци, 18:14.

 

 

Бахреинците постигнаа три погодоци во низа намалија на два негатива на почетокот на второто полувреме, 20:18. Фрелиј и Салинас погодија за 24:20.

Чиле до крајот на натпреварот го задржа водството и победи со 35:30. Во борбата за 21-во место Чиле ќе игра против Јапонија, а Бахреин за 23-то место ќе игра против Ангола.

Естебан и Родриго Салинас го предводеа Чиле со по 8 погодоци. Хусаин Али беше најефикасен кај Бахреин со 8 погодоци.