Проблеми во соблекувалната на Наполи – Сари е главна мета на претседателот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Наполи имаше големи очекувања пред првиот натпревар во 1/8-финалето против Реал Мадрид, но на крајот беа поразени со 3:1.

Навивачите на Наполи веруваат во чудо дека нивниот тим може да се пласира понатаму.

Сепак, атмосферата во клубот е далеку од совршена, а во јавноста се појавија детали дека има проблеми помеѓу Де Лаурентис и Сари.

Караницата се случила по ремито на Наполи против Палермо кој се бори за опстанок.

Според медиумите, Де Лаурентис влетал во соблекувалната на Наполи по што почнал да им држи предавања на играчите и тренерот.

Де Лаурентис по поразот во Мадрид им забранил на сите членови да контактираат со медиумите, а тоа потврдува дека нешто не е во ред во тимот.

Сари има договор со Наполи до 2020 година, но се шпекулира дека на крајот ќе добие отказ.