„Успехот на Раниери ќе се памети уште 2000 години“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на Лестер вчера ја шокираше спортската јавност откако го отпуштија Раниери.

Раниери минатата година направи со Лестер сензација и ја освои ПЛ, но само 9 месеци подоцна тој доби отказ поради лошите резултати.

Веднаш откако доби отказ во медиумите почна да се шпекулира кој ќе го превземе тимот.

Утрово медиумите пренесоа дека Манчини е првата желба на управата, но тој ја одбил понудата.

„За жал фудбалот некогаш таа функционира. Ако победувате, тогаш сте најдобри, а кога ќе губите тогаш сте најлоши. Ние како тренери знаеме што носи оваа работа. Тоа што го направи Раниери ќе се памети во наредните 2000 години.“

Медиумите пренесоа вест дека Манчини ја одбил понудата поради големата почит кон Раниери.