„Раниери заслужува голема почит!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Лестер, Каспер Шмајхел му даде признание на поранешниот тренер на клубот.

Раниери пред два денови доби отказ по серијата на лоши резултати, а управата немаше разбирање, ниту милост кон човекот кој им ја донесе титулата.

На емотивен начин од него се прости и Шмајхел.

„Сакам да му се заблагодарам на Клаудио за се што направи за Лестер и за мене. Тој заслужува голема почит и голем кредит поради се што започна со нас. Ти благодарам, шефе.“

Да потсетиме, Лестер наредниот натпревар го игра на домашен терен против Ливерпул.