Битно е да се викаш Серхио – Љуљ е ангелот чувар на Реал Мадрид, парабола во срцето на Барселона (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Реал Мадрид го добија кошаркарското Ел Класико против Барселона на домашен паркет со 76:75.

Барселона во поголемиот дел од првата четвртина имаше водство, но кралевите се вратија во натпреварот до крајот и успеаа да израмнат, 23:23. Во втората четвртина кошаркарите на Реал се разиграа, па на полувреме заминаа со двоцифрена предност, 47:36.

Во последните десет минути од натпреварот Реал Мадрид влезе со водство од пет поени, 62:57. Каталонците го доведоа натпреварот до неизвесна завршница, а во последната секунди Серхио Љуљ погоди за победа на Реал Мадирд, 76:75.

Љуљ го предводеше Реал Мадрид со 16 поени. Керол додаде 14 поени. Кај Барселона најмногу се истакна Перпероглу со 16 поени.