Дортмунд сакал да ја напушти Лига на Шампиони!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа недела во светот на фудбалот се случи бомбашки напад во Дортмунд пред почетокот на натпреварот помеѓу Борусија и Монако.

Мета на нападите беа играчите на Дортмунд и во 3 експлозии беше повреден Бартра. Натпреварот требаше да се игра од 20:45 во вторник, но се одигра во среда од 18:45.

Од Дортмунд по натпреварот ја критикуваа УЕФА. И германскиот тим не можеше да верува како УЕФА по се што се случи, го одложи натпреварот за наредниот ден.

Спортскиот директор на Дортмунд, Вацке изјави дека тимот размислувал да ја напушти ЛШ.

„Морам да признаам дека размислував да ја напуштиме ЛШ. Сепак, подоцна сфативме дека тоа би било победа на тие што не нападнаа.“