„Реал е секогаш гладен за трофеи“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Рамос го предводи својот тим до финалето на ЛШ.

Реал беше поразен од Атлетико, но и покрај тоа се пласираше во финале на ЛШ каде што ќе игра против Јувентус.

„Никој не кажа дека ќе биде лесно, но стигнавме до самиот крај. Не паднавме кога губевме со 2:0, го издржавме притисокот, а постигнавме гол и подоцна доминиравме.“

„Сите сме среќни поради фактот дека играме во 3-то финале во последните 4 години. Ние секогаш сме гладни за трофеи. Сега не чека последната пречка, а тоа е Јувентус. Знаеме со каков противник си имаме работа. Нема да биде лесно, шансите се 50-50.“

Финалето во ЛШ се игра на 3-ти јуни, а до тогаш Зидан и неговите играчи ќе мора да размислуваат за Примера.