Вардар рутински против Мешков Брест


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарите на Вардар полесно од очекувањата славеа убедлива победа (31:23) против Мешков Брест во третото коло од новата сезона во СЕХА лигата.

За избраниците на Раул Гонзалез ова е трет триумф во СЕХА со што вардарци го задржаа стопостотниот учинок на стартот на сезоната.

„Црвено црните“ ја контролираа играта во целиот дел од натпреварот и во ниту еден момент не оставија шанса на гостинот за било какво изненадување. Инаку, Мешков Брест минатата сезона многу ги намачи вардарци и во СЕХА и во Лигата на Шампионите.

Тимот од Брест е единствен кој успеал да им откине бодови на Вардар во СЕХА лигата во последните две сезони. Минатата сезона во Скопје во рамките од регионалното натпреварување овие два тима ремизираа (34:34), додека во Лигата на шампионите Мешков беше подобар со 30:26.

Најпрецизен во редовите на Вардар беше Вуко Борозан со шест постигнати голови, а еден помалку постигна Чупиќ кој натпреварот го заврши со пет гола.