Неочекуван трансфер на повидок: Иско на радарот на Манчестер Јунајтед

0

25 годишниот Иско минатата сезона беше незаменлив дел од првиот тим на Зинедин Зидан, но оваа се почесто натпреварите ги започнува од клупата за резервни фудбалери.

Според англиските медиуми, шпанскиот офанзивен фудбалер е на врвот на листата на потенцијални засилувања за Манчестер Јунајтед во текот на летниот преоден рок.

Манчестер Сити исто така пројавил интерес за Иско, но по се поизвесното комплетирање на трансферот со Фред, „граѓаните“ ќе се откажат од шпанскиот репрезентативец.

Иско оваа сезона има стартувано само на 14 натпревари во Ла Лига и постои можност тој да ги напушти „кралевите“ во текот на летниот преоден рок.

Share.