ВБА се поблиску до Чемпионшип, мајсторија на Марез во 97 минута


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Вест Бромвич Албион е пред преселба во втората по ранг лига во Англија по денешниот пораз на гостувањето во Вотфорд со 1:0.

Само чудо може да го спаси тимот од Бирмингем кој во последните осум кола влегува со заостанување од осум бодови од опасната зона.

Лестер стигна до реми на својот стадион во седмата минута од судиското продолжение откако Ријад Марез со фантастичен удар го совлада Беговиќ за голема радост за „Лисиците“.

Бурнемут стигна до водство во 35. минута од натпреварот со голот на Џошуа Кинг кој реализираше удар од белата точка. Сепак, на крајот Бурнемут не успеа да го зачува својот гол, па може да се каже дека двата тима заслужено ги поделија бодовите.

Резултати:

Барнли-Евертон 2:1

Лестер- Бурнемут 1:1

Саутемптон- Стоук 0:0

Свонси- Вест Хем 4:1

Тотенхем- Хадерсфилд 2:0

Вотфрод- ВБА 1:0