Конечно – Се ближи крајот на кинеското расфрлање на пари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кина ќе ги ограничи сумите кои фудбалските клубови ќе ги трошат на странски играчи, соопшти вчера кинеската Главна администрација за спорт, недела дена после тоа што кинескиот клуб Шангај Шенхуа го ангажираше Карлос Тевез за 38 милиони евра по сезона.

„Ќе ги ограничиме скапите трансфери на странски играчи, а нивните превисоки приходи ќе ги сведиме на разумни мери“, се наведува на официјалниот сајт на Администрацијата.

Администрацијата најавува дека ќе „утврди максимален износ“ за оштета и заработка на фудбалери и ќе го контролира “нерационалното трошење“, а екипите кои ќе ги го надминат дозволениот лимит ќе се соочат со парични казни кои ќе бидат уплатни за развој на младите играчи.

На сајртот на Администрацијата е наведено дека несолвентните клубови ќе бидат повлечени од професионалниот шампионат.

Таа одлука следеше недела дена после тоа што кинескиот суперлигаш Шангај Шенхуа потпиша двегодишен договор со аргентинскиот напаѓач Карлос Тевез, кој ќе заработува 38 милиони евра по сезона и така стана најскап играч во историјата.

Шангај СИПГ, градскиот ривал на Шангај Шенхуа, го ангажираше Бразилецот Оскар, поранешен играч на Челси, а вредноста на тој дововор, според проценката на Трансфермаркт, изнесува 60 милиони евра, што е најскап трансфрер во Азија.

Оскар годишно ќе заработува околу 24 милиони евра и така ги помина  фудбалските суперѕвезди Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Клубовите од кинеската Суперлига потрошија од почетокот на 2016 година на трансфери повеќе отколку клубовите во Премиер лигата, наведува  Трансфермаркт.

Фудбалската репрезентација на Кина го зазема дури 82 место на ранг листата на Светската фудбалска федерација (ФИФА) и се наоѓа меѓу Сент Китс и Невис и Фарските острови.

Претседателот на Кина Си Жинпинг, инаку е голем љубител на фудбалот, изрази неодамна желба Кина да организира Светско првенство, што е една од причините за вложување на големи пари во клубовите.

Огромни трошоци на трансфери предизвикаа остри полемики во Кина, каде што многумина се прашуваат дали не е подобро да се вложуваат тие пари во развој на млади играчи.

Кинеската фудбалска федерација соопшти дека во декември ќе ги ограници бројот на странски фудбалери во кинеските клубови на четири или пет играчи по клуб.