„Нема на Ботас да му ги откријам тајните на Луис“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот шампион во Ф1, Нико Розберг изјави дека ќе разговара со Валтери Ботас. Тој потврди дека нема да му ја откри тајната како го победил Луис Хамилтон.

„Да, Валтери ме повика да разговараме. Ќе разговарам со него, но нема да му давам совети, ниту ќе му ги откријам тајните на Луис, иако го познавам многу добро.“

Розберг минатата сезона, по 2 години борба со Англичанецот, ја освои својата прва титула, иако Хамилтон во 2016 година имаше една победа повеќе.

„Ќе продолжам да го следам развојот и одвај чекам да видам нов болид. Сигурно ќе биде на пет или шест трки, ќе продолжам да работам со спонзорите. Ние имаме најдобар тим и шанси за победа. Но никогаш не треба да се потценат Ред Бул и Ферари.“