Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од најдобрите ракометни голмани на сите времиња и миленик на скопската публика, Арпад Штербик најави дека се повлекува од ракометот.
Штербик најави дека ова ќе му е последна сезона во кариерата, меѓутоа коронавирусот предвреме му ја заврши богатата кариера. Голманот истакна дека дуелот со Татабања бил негов последен.
„Оваа одлука е многу тешка за мене. Искрено, тешко е повторно да се активирам и да бранам по долга пауза. Ми се чини дека дуелот со Татабања е последен кој го одиграв во кариерата. Жал ми е што нема да имам прилика да одиграм уште еден Фајнл Фор од Лигата на шампионите. Сакав да освојам уште една титула во Лигата на шампионите“ –изјави Штербик.