Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Ливерпул е заинтересиран за Аксел Витсел од Зенит.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, иако Јувентус практично се договори со репрезентативецот на Белгија, Ливерпул ќе се обиде да го предомисли за да се пресели на Енфилд.
Летово трансферот на Аксел Витсел практично беше завршен, но рускиот клуб во последен момент ги стопираше преговорите па неговото преселување во Торино беше пролонгирано.
Јирген Клоп сака да ја искористи таа ситуација и ќе се обиде да го доведе Витсел во својот среден ред, иако на таа позиција има многу играчи, бидејќи стигнаа Грујиќ и Вајналдум, а останаа Џан, Хендерсон и Лалана.