Најемотивната порака пристигнува од Кардиф: Никогаш не те видовме, никогаш не те дочекавме …


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одвај го чекаа како спасител. Но, иако потпиша за новиот клуб, никогаш не го пречекаа.

Емилијано Сала по фантастичната полусезона во Нант и 13те постигнати погодоци, во саботата потпиша за Кардиф со оштета од 15 милиони фунти, рекорден износ за велшкиот клуб кој игра во англиската Премиер лига.

Беше тоа одличен договор за сите. Сала требаше да го оствари врвот во кариерата играјќи во најатрактивното првенство на светот и материјално да осигура неколку генерации во семејството. Неговиот дотогашен клуб за него доби 16 милиони евра повеќе отколку што го плати. Со оглед на тоа дека клубот во аргентинскиот голгетер полагаше надеж дека ќе му донесе опстанок во Премиер лигата.

За жал, она што требаше да биде трансфер и приказна од бајките, се претвори во голема трагедија.

Сала по потписот за Кардиф се врати во Нант за да се поздрави со соиграчите. При враќањето малиот авион во кој биле тој и пилотот се сруши во олујното море 15 километри пред Нормандија.

Веднаш беше покрената акција за потрага и спасување, но откако деталниот преглед со пет хеликоптери и неколку бродови не даде резултати, потрагата беше прекината, два дена подоцна.

За исчезнатиот Сала жали целиот фудбалски свет, но можеби најемотивна е посветата која пристигнува од Кардиф.

Пред стадионот на клуб за кој овие денови требаше да дебитира, покрај букетите со цвеќе, дресовите, шаловите и знамињата оставени во чест на Сала, навивачите на Кардиф, држат голем транспарент обвиен со аргентинското и велшко знаме на кој пишува:

„Никогаш не те гледавме како играч и никогаш не видовме како забиваш. Но, Емилијано, наша прекрасна Плава птицо, ќе те сакаме засекогаш уште повеќе“.