По најновиот расплет во Интер, Икарди полека ги пакува куферите: Ова ќе ја разбесни Ванда?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе со месеци трае сагата околу Мауро Икарди.

Секој ден стигнуваат различни информации за продолжувањето на соработката со Интер, многумина навивачи се надеваат дека со пристигнувањето на Марота и тој проблем ќе биде решен, но договор нема на повидок.

Сега стигна официјална потврда од италијанскиот клуб дека нов капитен на клубот е Самир Ханданович.

Нема сомнеж дека ова ќе ја разбесни сопругата на доскорешниот капитен, Ванда, која отворено го критикуваше клубот на неколкупати.

„Нероаѕурите“ не дадоа никакво објаснување во врска со оваа одлука која би можела да наговести и евентуално заминување на Икарди веќе следното лето. Не е, дека нема заинтересирани.