Камерата која снима од птичја перспектива понекогаш знае да биде проблем за голманите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Атлетик Билбао синоќа со минимално 1-0 на гости го победи тимот на Хуеска во меч од 24. коло од шпанската Ла Лига.

Билбао потешко од очекваното успеа да слави против најлошиот тим во Ла Лига оваа година. Одлучувачкиот момент се случи во 19. минута кога за гостите беше досуден пенал, а сигурен од белата точка беше Раул Гарсија.

Многу интересна ситуација се случи во второто полувреме кога „настрада“ камерата која снима од птичја перспектива. Голманот на Атлетик, Херерин при исфрлување на топката успеа да ја погоди камерата, а судијата на разочарување на домашните навивачи мораше да го прекине мечот.

Веднаш потоа топката беше вратена кај голманот и повторно уфрлена во игра.