Така е тоа во животот: Синоќа беше дел од историски натпревар, веќе денес во школска клупа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На големо изненадување синоќа Манчестер Јунајтед успеа да го порази ПСЖ на гости и да се пласира во 1/4 финалето од ЛШ.

Своја шанса синоќа доби и Мејсон Гринвуд кој влезе во игра три минути пред крајот, веројатно ниту свесен дека ќе биде дел од историја.

Нешто подоцна Рашфорт им донесе победа на Црвените Ѓаволи, а занимливо е тоа што Гринвуд вчера отсуствувал од училиште, а денес сепак ќе мора да се појави, бидејќи како што наведуваат англиските медиуми, во Јунајтед не сакаат нивните фудбалери да го запостават школувањето.

Гринвуд сигурно ќе биде херој во училиштето и момче за кое ќе се зборува цел ден.

„Ова е ноќ за паметење, соништата ми се остварија“, истакна младиот фудбалер после мечот.

Овој 17-годишен фудбалер нема запишано деби за Јунајтед во Премиер лигата, но сигурно наскоро и тоа ќе се случи.